Долго време се зборуваше, а сега е официјално – Маурисио Почетино повеќе не е менаџер на Тотенхем.
Пет години Почетино ги водеше „Спарсите“, имаше добри сезони на клупата на Тотенхем, но во клубот решија дека е време да си замине.
„Резултатите на крајот на минатата сезона и почетокот на новата сезона во Премиер лигата беа разочарувачки, ние се двоумевме пред да ја донесеме оваа одлука и не беше одлука што лесно беше прифатена од одборот, ниту пак се брзаше“, рече претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.
Аргентинскиот стручњак се поврува со повеќе клубови како што се Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а засега нема индикации кој би можел да го наследи.
Инаку, Почетино минатата година играше во финалето на Лигата на шампионите со Тотенхем.