ФУДБАЛ

Официјално: Тотенхем го претстави Џонсон

Фото: MANCHESTER, ENGLAND - AUGUST 26: Brennan Johnson of Notts Forest in action during the Premier League match between Manchester United and Nottingham Forest at Old Trafford on August 26, 2023 in Manchester, England. (Photo by Michael Regan/Getty Images)

Неодамнешниот играч на Нотингем Форест, Бренан Џонсон е ново засилување на Тотенхем, откако лондонскиот клуб плати 45 милиони фунти за да го ангажира.

Џонсон е деветтото засилување во летниот трансфер тим кој од клупата го предводи Ангелос Постекоглу, а 22-годишниот фудбалер потпиша шестгодишен договор.

Играчот кој може да игра како напаѓач или како крило порасна во младинскиот систем на Нотингем и одигра 108 натпревари за тој клуб, постигна 29 гола и забележа 12 асистенции.

Џонсон одигра 19 настапи за Велс и постигна два гола за националниот тим

На пејачите им требаше засилување во нападот бидејќи неодамна во Баерн дојде најдобриот стрелец во историјата на клубот, Хари Кејн. Поштекоглу може да смета и на Ричарлисон како еден од играчите кои се најблиску до противничкиот гол, а на стартот од сезоната крилниот напаѓач и капитен на тимот Хјунг-Мин Сон забележа одредени минути како најистурени.

Тотенхем има седум бодови и го зазема третото место на табелата во Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига