УЕФА реши да го одложи Европското првенство оваа година, а терминот за ова натпреварување е закажан за во летото 2021 година. Оваа одлуката беше донесена бидејќи најголемата фудбалска федерација во Европа смета дека ќе треба време за завршување на шампионатите.
Челниците на УЕФА донесоа нова одлука, всушност ирелевантна за ситуацијата за која зборуваме, но повторно тоа е конечна и официјална одлука. Европското првенство, и покрај тоа што е разервирано за во 2021 година, ќе се вика ЕУРО2020.
Одлука е донесена за да не се наруши редот на другите Европски првенства. УЕФА ќе продолжи со европските првенства на секои 4 години, иако ЕУРО2020 беше одложено за една година. Следните европски првенства ќе продолжат по нормален распоред.