Италијанскиот фудбалер Марко Верати е новиот играч на Ал Араби, соопшти катарскиот клуб.
Верати пристигнува во Ал Араби од Пари Сен Жермен, а со катарскиот тим потпиша тригодишен договор вреден 45 милиони евра.
Претходните 11 години ги помина во ПСЖ, а во Париз пристигна во 2012 година од Пескара.
„Горд сум што играв за ПСЖ повеќе од една деценија. Париз, клубот и неговите навивачи секогаш ќе имаат посебно место во моето срце. Јас секогаш ќе бидам Парижанец“, рече Верати.
Верати во ПСЖ одигра 276 натпревари и постигна седум гола.
За репрезентацијата на Италија одигра 55 натпревари, постигна три гола и пред две години го освои Европското првенство.
Верати има 30 години, можеше да игра врвен фудбал уште неколку сезони, но се одлучи за катарската лига која е со дискутабилен квалитет.
