Алжирецот во редовите на Манчестер Сити Ријад Марез беше мета на разбојниците.
Пред неколку дена, Деле Али беше жртва на кражба, а сега тоа е Марез, на кој беше направена штета од околу 500.000 фунти. Меѓу другото, скапоцениот часовник на колекцијата „Ричард Мил“ од 230.000 фунти исчезна.
Разбојништвото се случило за време на карантинскиот период, а Марез во тоа време не бил дома. Нему исто така му биле украдени два часовници Ролекс и други 50.000 фунти готовина.
Со оглед на тоа што во истата зграда беа ограбени уште три станови, се верува дека станува збор за планирана акција.
Фудбалерите на Островот честопати се ограбуваат и ова е само еден во низата вакви случаи.