Крадците кои ги ограбуваат домовите на шпанските фудбалери станаа сериозен проблем последниве години, а следната жртва беше напаѓачот на Шпанија Јаго Аспас.
Крадците влегоа во неговиот дом ноќта околу 11 часот во петокот.
Од неговиот дом беа украдени облека, накит, часовници и пари, а „пленот“ кој го однесоа крадците е во вредност од околу 100.000 евра.