Торинскиот Јувентус има сериозни проблеми со коронавирусот во тимот.
Откако Алекс Сандро и Хуан Куадрадо позитивно тестираа пред мечот со Милан, холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт денес беше позитивно тестиран.
Јувентус ја потврди оваа информација на официјалната веб-страница, а Де Лихт веќе е во изолација.
First Team footballer tests positivehttps://t.co/EcTO4lNHab pic.twitter.com/NttqVjS2Yg
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) January 8, 2021
Дефанзивната линија на Старата дама со тоа претрпе нов удар и одличниот стопер нема да игра на следните натпревари.
Првиот натпревар кој ќе го пропушти е закажан за во недела против Сасуоло и ќе видиме кога тој би можел да се врати на теренот.