Новиот предводник на Манчестер Јунајтед влезе во историјата на клубот откако стгана првиот менаџер кој остварил пет победи во низа по назначувањето на функцијата.
Норвежанецот победи четири пати во првенството и денеска триумфираше во ФА Купот. Ниеден негов претходник не успеал да го почне својот престој на ваков начин, дури ни Мат Бејсби.
Јунајтед продолжува во ФА Купот, а следен предизвик ќе биде четвртото место во првенството. По напорниот распоред последните десет дена, екипата има една недела одмор по што се среќава со Тотенхем.
ИЗВОР: SPORTCLUB.MK