Одложените Олимписки игри поради коронавирусот ќе се одржат следната година под истото име. Свеченото отворање ќе биде на 23-ти јули, а затворањето на 8-ми август.
„Олимпијадата е најголем спортски настан во светот кој се одржува на две години. Покрај учесниците кои се во спортското село, тука се и туристите кои требаше да ги има од 500 до 600 илјади“, вели Сашо Поповски од Македонскиот Олимписки Комитет.
Поповски додава дека за да се одржат игрите има два услови. Првиот е да се стави под контрола состојбата во Токио, а вториот е целосно ставање под контрола на состојбата со коронаврусот во светот, бидејќи учествуваат спортисти од целиот свет.
Од 600 до 700 милиони евра се потребни за организирање на Олимписките игри.