Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, смета дека се уште нема причина за драма во Баварија. Баерн падна четири бода од почетокот на пролетниот дел од сезоната и сега има само еден бод повеќе од второпласираниот Унион.
Нов кикс на Баварците се случи на домашен терен против Ајнтрахт. Тие одиграа само 1:1 и тоа значи дека сега се искомплицираа ситуацијата на врвот на табелата и борбата за титулата. Не следи само Унион, туку и Лајпциг и Фрајбург.
„Попрво сега сме во тешка фаза од сезоната отколку на крајот. Сепак, се разбира, влогот е многу голем. Мораме навистина да стапнеме на гас против Мајнц“, изјави Кан за Kicker.
Баерн е многу доминантен во Германија и не ја загубил титулата од 2012 година кога шампион беше Борусија Дортмунд.
