Реал Мадрид синоќа на гостински терен со убедливи 4:1 ја победи Селта Виго.
Кралскиот клуб без поголеми проблеми успеа да победи во Виго и да освои нови три бода во сезоната во која Реал Мадрид ја брани титулата шампион на Шпанија.
Реал одигра уште еден одличен натпревар, а во центарот на вниманието беше одличниот Лука Модриќ кој уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност.
Во 41. минута од натпреварот, хрватскиот играч за врска постигна спектакуларен гол за 2:1 и уште еднаш покажа за каков мајстор е, иако е на залезот на кариерата.
https://twitter.com/RMBlancoZz/status/1561092931804876800
Покрај голот, Модриќ синоќа запиша и една асистенција, а играта ја напушти во 77. минута кога Карло Анчелоти реши да го одмори својот играч за врска и на теренот го испрати Дани Себаљос.
Но, тогаш го видовме и најдобриот момент на овој натпревар. Имено, додека Модриќ го напушташе теренот, навивачите на Селта му аплаудираа за уште една фантастична партија која ја одигра во дресот на Реал.
Ретко се случува противнички играч да добие аплауз од навивачите на клубот против кој игра, но Модриќ синоќа тоа целосно го заслужи.
https://twitter.com/AM7AnythingNews/status/1561116310469312512
Каков статус има хрватскиот репрезентативец во Реал Мадрид најдобро се виде по голот на Винисиус Жуниор во 58. минута кога асистент беше Модриќ.
Бразилецот му се поклони на Модриќ за одличната асистенција и ја покажа почитта што ја има кон искусниот играч за врска.
All hail the king “Luka Modric” 👑@RMadridInfo https://t.co/7OqSpaaYC7
— MadMad (@MaadMadrid) August 21, 2022