ФУДБАЛ

„Она што го прават Ливерпул е неверојатно“

Стандардите поставени од лидерот во Премиер Лигата, Ливерпул, се неверојатни, вели Рики Ламберт. Поранешниот англиски напаѓач смета дека нивото на квалитет на играта на Ливерпул е највисоко видено досега.

Тимот на Јирген Клоп собори неколку рекорди во текот на сезоната 2019/20.

Откако го постигнаа најдобриот старт на сезоната, што досега не се видело во елитните европски лиги, Ливерпул воспостави предност од 22 поени во Премиер лигата.

Ниту еден тим досега не бил толку доминантен, со 24 победи од 25 натпревари, а Ламберт признава дека не може да верува во тоа што го гледа.

Ламберт, кој играше за Ливерпул една сезона, 2014/15, за веб-страницата на Ливерпул изјави: „Неверојатно е што се случува“.

„Не можам да верувам на нивото што го достигнуваат, тоа е ниво што никогаш не сум го видел. Гледањето на Ливерпул оваа година е неверојатно“, додаде тој.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига