Манчестер Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ го победи Брентфорд со 3:0, а нивниот веројатно последен меч на овој стадион за „црвените ѓаволи“ го одигра Немања Матиќ.
Јунајтед дојде до нови три бода и сепак успеа да остане во борбата за Лигата на шампионите. До крајот на сезоната им остануваат само два натпревари, а двата меча ги игра Јунајтед на гости.
Тоа значи дека Манчестер Јунајтед синоќа пред своите навивачи го одигра последниот натпревар оваа сезона, а за некои играчи тоа беше последен настап во Театарот на соништата во дресот на овој клуб.
Станува збор за српскиот играч за врска Немања Матиќ, кој речиси сигурно ќе го напушти англискиот клуб на крајот од оваа сезона.
Матиќ има договор до крајот на сезоната и не постигнал договор за продолжување на соработката. Српскиот играч за врска го напушти теренот во 71. минута кога наместо него влезе Фред, а додека си заминуваше доби овации од навивачите на „Олд Трафорд“.
Кристијано Роналдо му пријде на Матиќ за да му честита за сработеното а потоа некои други играчи на Јунајтед, што е доволен знак дека искусниот играч за врска летово го напушта Олд Трафорд. Сепак, аплаузот кој го доби синоќа сигурно ќе се памети цел живот.