Што се случува со голманите на Манчестер Јунајтед?
Андре Онана беше доведен како некој што треба да биде адекватна замена за Давид Де Хеа, но се уште не докажа дека е врвен голман, напротив.
Последен во низата неуспеси беше на мечот во саботата против Брентфорд, многу лошо реагираше кога Матијас Јенсен шутираше и погоди за 1:0.
Подоцна, Манчестер Јунајтед направи пресврт во судиското надополнување, но јасно е дека мора да се разговара со Онана.
Онана беше кум во поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите, и тоа не е се, имаше грешки кои не беа скапо платени.
Во меѓувреме, Давид Де Хеа се уште нема клуб …
