Навивачите на Давид Де Хеа веројатно се радуваат…
Не многу навивачи на Јунајтед беа среќни кога челниците на клубот и Ерик Тен Хаг решија лесно да се откажат од еден од најдобрите голмани во светот. Давид Де Хеа не доби продолжување на договорот, си замина од Олд Трафорд, а на негово место беше доведен Андре Онана.
Не само што го чинеше клубот околу 50 милиони евра, туку на камерунскиот голман сигурно ќе му треба време да се навикне на славниот англиски клуб. Никој не ги оспорува неговите квалитети, сигурно ќе донесе нешто ново, но…
Манчестер Јунајтед за прв пат во новата сезона заигра пред своите навивачи, а Онана не се покажа во добро светло.
Во тек е пријателски натпревар против францускиот Ленс, „црвените ѓаволи“ славеа со резултат 3:1, но за водечкиот гол на гостите, кој го постигна ветеранот Флоријан Сотока, долго ќе се зборува…
https://twitter.com/GetFootballEU/status/1687808331857948672
