Без разлика дали сезоната продолжува или не, Манчестер Сити речиси сигурно нема да ја одбрани титулата во Англија.
Граѓаните сега имаат важни работи што треба да направат, правната борба да се укине забраната за учество во европски натпреварувања и потрагата по засилување.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола отсекогаш го сакал Леонардо Бонучи во своите редови, то за него смета дека е совршен дефанзивец со извонредни лидерски квалитети.
„Calciomeracto.com“ пишува дека ова е причината зошто Бонучи со текот на годините стана опсесија на Гвардиола.
Наводно, Манчестер Сити ќе инвестира значителна сума пари во трансферот на „дефанзивецот на високо ниво“ во текот на летото, а Гвардиола секако би сакал да го види искусниот Бонучи на „Етихад“.
Бонучи веќе подолго време е желба на Гвардиола, но во моментов е доста недостапен. Поради одлуката на Јувентус да го задржи по секоја цена.
Јувентус дури го „заслепи“ Бонучи со новиот договор потпишан минатиот ноември, со што од Торино јасно испратија порака дека 32-годишниот фудбалер не е достапен за трансфер.
Иако е многу тешко да се замисли дека Јуве ќе го продаде Бонучи, можеби Сити ќе испрати понуда што Старата дама тешко ќе ја одбие.