Турскиот гигант Галатасарј најверојатно ќе биде следната дестинација на белгискиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Дивок Ориги.

Малдиот напаѓач веќе со месеци ја грее клупата за резервни фудбалери и поради таквата ситуација сериозно размислува за промена на клупската средина веќе во јануари.
Сепак, челниците на Ливерпул не се расположени за продажба на поранешниот фудбалер на Лил, но можно е да му дозволат пролетниот дел од сезоната да го одработи како позајмен фудбалер.