Дивок Ориги ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.
Англиските медиуми пренесуваат дека може да се активира клаузулата Ориги, според која тој автоматски би го продолжил договорот во случај да одигра одреден број натпревари.
Тоа всушност значи дека тој ќе биде слободен летото.
Долго време се зборуваше дека тој е на мета на Милан, а сега новите информации говорат дека преговорите се во завршна фаза.
Златан Ибрахимовиќ речиси сигурно ќе го напушти Милан, па челниците на италијанскиот клуб се во потрага по негов наследник.
Ориги би потпишал четиригодишен договор и би имал годишна плата од 3,5 милиони евра.
Тој оваа сезона забележа 17 настапи за Ливерпул со шест гола и четири асистенции.
Дел од кариерата мина и во Белгија, Франција и Германија.