ФУДБАЛ

Оршиќ: Највредниот гол во кариерата

Еден од хероите на бронзениот медал на Хрватска против Мароко, Мислав Оршиќ изјави дека се уште не е свесен за успехот што репрезентацијата го постигна во Катар.

„Сè уште не сум свесен што направивме, можеби подоцна или кога ќе се вратиме во Хрватска“, прокоментира Оршиќ кој го постигна победничкиот гол. И каков гол.

„Највредниот гол во неговата кариера. Го посветувам на моето семејство, родителите, сестрите, сопругата и децата кои се секогаш со мене. Сега се со мене на стадион и заедно ќе славиме“.

За самиот натпревар, напаѓачот на Динамо вели:

„Одигравме добро, се боревме цел натпревар и заслужено победивме. Знаевме дека и тие ќе имаат свои шанси, но знаевме и дека треба да бидеме компактни и да внимаваме на контри. Тоа го чекаа, да ја загубиме топката на средината од теренот. Сето тоа успеавме да го одбраниме, не примивме гол од контранапад и сега сите заедно славиме“.