20-годишниот играч од средниот ред го напушти Челзи на почетокот на 2017 година и за сума од шеесет милиони евра отиде во Кина за да игра за Шангај СИПГ. Договорот со кинескиот тим истекува на крајот на следната година, но се зборува дека тој ќе ја напушти кинеската Супер лига.
Според италијанските медиуми, Интер покажа заинтересираност за Бразилецот, дури и беше виден во самиот град, но не се случила соработка. Останува да се види дали сè уште постои желба кај Интаер да го донесе некогашниот играч на Челзи, познато е дека Конте сака дисциплинирани играчи, а за Оскар не може да се каже дека ја има оваа особина.
Конте и Оскар веќе имаа шанса да соработуваат во Челзи, ќе видиме дали ќе има реприза.