Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен го продолжи договорот со Наполи до 2026 година, соопшти денеска италијанскиот фудбалски шампион.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис во петокот најави „изненаден подарок под елката“, а денеска на социјалните мрежи објави дека 24-годишниот Осимен престојува во клубот.
Според италијанските медиуми, Осимен со новиот договор ќе заработува десет милиони евра по сезона.
Исто така, како што е наведено, вклучена е и откупна клаузула за која се верува дека е меѓу 120 и 130 милиони евра и ќе важи само за клубови надвор од Италија.
Осимен пристигна во Наполи од Лил во септември 2020 година и беше еден од најзаслужните играчи за освојување на Скудетото.
