ФУДБАЛ

Остана без клуб, па се понуди на Барселона

Се спомнуваа неколку клубови, од Интер, па Јувентус, Милан, до Бенфика, но Единсон Кавани се уште е во потрага за нов тим откако му заврши договорот со ПСЖ и не  доби продолжување.

Според каталонските медиуми, Кавани наводно и се понудил на Барселона, а се верува дека би бил добар за ротација. Суарез е на излезна врата, па сигурно на Куман ќе му биде добредојден ваков тип на играч кој не би имал ништо против да биде трета опција.