На белградскиот аеродром момчето држеше транспарент на кој пишуваше: „Кристијано, поминав 1.300 километри за да го добијам твојот автограмот“.
Медиумите тогаш објавија дека момчето залудно држело транспарент со порака бидејќи Роналдо не го забележал, ниту ја исполнил неговата желба.
Но Борис, кој дојде од Полска заедно со неговиот татко, и се сретна со еден од најдобрите играчи во светот во белградскиот хотел „Хајат“. Доби автограм и фотографија со Роналдо.
“Честопати доаѓаме во Белград, ова ни е 15-ти пат. Знаеме колку е тешко да се стигне до Роналдо, особено сега кога има пандемија, но успеавме. Борис доби автограм, заедничка фотографија и топка со потписи на сите португалски репрезентативци“, рече Лукас, таткото на момчето.
Инаку, Роналдо вечерва ќе ја предводи Португалија на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, каде ќе се соочи со селекцијата на Србија, која неодамна ја победи Ирска со 3:0.
Португалија има три бода во квалификациската група за СП, бидејќи во првото коло како домаќин беше подобар од Азербејџан.
