ФУДБАЛ

Oсум Бразилци од Премиер лигата суспендирани од ФИФА

Како што објавува Би-Би-си, ФИФА суспендираше осум бразилски играч од Премиер лигата до 14 септември.

Не е нивна вина поради суспензијата, како причина се наведува тоа што клубовите одбија да пуштат играчи во националниот тим во септемвриската пауза за репрезентативни настапи.

Станува збор за Алисон, Фабињо, Роберто Фирмино (Ливерпул), Едерсон, Габриел Жезус (Манчестер сити), Фред (Манчестер јунајтед), Тијаго Силва (Челзи) и Рафиње (Лидс). Одлуката е донесена врз основа на жалбата на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) до ФИФА.

Играчите викендов нема да можат да играат за своите тимови на натпреварите во Премиер лигата.

Покрај тоа, суспензијата ќе се прошири и на првиот натпреварот од Лигата на шампионите оваа сезона. Дефанзивецот на Челзи, Силва, ќе го пропушти натпреварот со Зенит во вторник, исто како и играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Фред против Јанг Бојс.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига