Репрезентацијата на Ерменија се соочува со проблеми пред натпреварот со Македонија. Како што утрово беше објевено, имаат дури осум позитивни фудбалери во репрезентацијата.
Четири од нив се фудбалери, еден е дел од тренерскиот тим, а останатите три се останати членови на делегацијата. Тоа значи дека денес на теренот во Никозија нема да истрчаат Газ Газарјан, Саргис Адамјан, Андре Чалишер и Григор Меликсетјан.
Натпреварот е закажан за денес со почеток од 18:00 часот. Македонските фудбалери имаат императив да останат непоразени, со цел да обезбедат пласман во Лига Б.