ФУДБАЛ

Откако остана без Златната топка, Левандовски синоќа стана уште поголем губитник

Роберт Левандовски досега има постигнато 51 погодок оваа сезона, но на крајот ќе испадне дека е најголемиот губитник во времето на коронавирусот.

Левандовски беше првиот фаворит за Златната топка, но одлуката на Франс Фудбал да не го избере најдобриот оваа сезона ги урна сите надежи на искусниот Полјак.

Синоќа напаѓачот на Баерн доживеа дополнително разочарување затоа што дефинитивно остана без Златната копачка, кој очигледно ќе му припадне на Чиро Имобиле.

Имобиле го постигна својот 35. гол сезонава во Серија А против Бреша, додека Левандовски ја заврши сезоната Бундес лига со 34 погодоци.

Само Кристијано Роналдо може да стигне до играчот на Лацио, кој треба да постигне дури четири гола против Рома, што се чини невозможно со оглед на сегашната форма на Јувентус.

Полскиот напаѓач е утешен што освои нова двојна круна со Баерн и дека конечно ќе има можност да ја освои ЛШ во неговата многу успешна кариера.

ПОВРЗАНО

Серија А