Манчестер Јунајтед бара утрешниот натпревар од Премиер лигата да биде одложен поради проблем со коронавирус.
Утрово се појави веста дека неколку фудбалери и членови на тимот на Јунајтед се позитивни на коронавирусот, па се испратени дома и мора да одат во задолжителна изолација, поради што пропуштаат најмалку два натпревари.
Засега нема информации за кои играчи станува збор, но клубот веднаш го затвори својот тренинг центар за да спречи ширење на вирусот, а во меѓувреме се обидуваат да го убедат раководството на Премиер лигата дека не е во ред да се игра нивниот натпревар против Брентфорд, утре.
Затоа, многу е извесно дека дуелот помеѓу Брентфорд и Јунајтед ќе биде продолжен за уште еден термин, иако треба да се почека официјалниот став по ова прашање.
Јунајтед во саботата го совлада Норич со 1-0, а во вторник има нов предизвик. Прашање е само дали натпреварот ќе се игра утре, кој нема да може да смета на новиот менаџер Ралф Рангник, кој на клупата на Јунајтед стартуваше со две победи во Премиершип.
Треба да се напомене дека Тотенхем неодамна ги одложи двата натпревари поради коронавирусот, едниот во Европа, другиот во домашното првенство.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1470409411596328966