Лионел Меси стана светски шампион со Аргентина на Мундијалот во Катар, го одигра турнирот на кариерата и на нацијата и ја донесе толку посакуваната „Божица“.
Така, 35-годишниот фудбалер ги оствари сите соништа во фудбалот, но сепак ќе има што да покаже на највисоко ниво, а познато е и каде речиси сигурно ќе игра.
Според сигурни извори од Шпанија, Лионел Меси планира уште две години да се натпреварува на највисоко ниво во дресот на Пари Сен Жермен, со кој ќе се обиде да ја освои толку посакуваната Лигата на шампионите.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња има договор со парижаните кој истекува следното лето, а во тек се преговорите околу продолжување на соработката, што според последните информации ќе се случи.
Така Меси и Мбапе ќе имаат заедничка цел во наредните години, освојување на пехарот.
После тоа Меси ќе размислува за крајот на својата блескава кариера.