Две финалиља во Лигата на шампионите, од кои едното го освои, а го освои и второто место во Премиер лигата.
Не се многумина кои можеа да замислат вакви резултати кога Јирген Клоп потпиша за Ливерпул во сезоната 2015/16. Германскиот селектор целосно ја трансформираше околината на „црвените“, претворајќи го тимот на вонредни нивоа.
Фил Томпсон, репортер во ТВ2, откри дека Клоп имаше понуда од Јунајтед но ја одби, а за тоа го советувала неговата сопруга.
„Јас го интервјуирав Клоп за „Скај“ и го прашав дали тој и Ливерпул се создадени еден за друг. Тој ми рече дека можеше да го избере Манчестер Јунајтед, но неговата сопруга рече дека не е во ред“.
„Кога дојде понудата на Ливерпул, неговата сопруга рече дека е вистинската работа, дека има нешто чудно во врска со тоа. Тоа е како тој да е создаден да биде тренер на тој тим“.