Манчестер Сити во последно време се поврзува со многу скандали, а „Атлетик “ денес откри уште еден.
Според новинарот на „Атлетик„, Дејвид Орнстејн, истрагата против Манчестер Сити е во тек.
Станува збор за фактот дека тие извршиле измама пред десет години, која само што се појави, а клубот може да биде казнет.
Во тоа време, Манчестер Сити се обиде на секој начин да го донесе младиот Бразилец, Габриел Фернандо Алмеида, но не се снајдоа баш најдобро.
Тогаш решија да го „ангажираат“ неговиот татко во клубот како скаут. Сепак, неговиот татко бил лажен скаут, тој не сторил ништо, а од Манчестер Сити редовно му плаќале илјада фунти секој месец.
Откако „Атлетик “реши да објави сè, се уште се чека реакција од Манчестер Сити.