Откриени се осумте барања на Чави кои ја натераа Барселона да го избере Сетиен

Written by

in

Поранешниот легендарен играч од средниот ред на Барселона и сега тренер на Ал Сад, Чави Ернандез, постави некои критериуми за каталонскиот клуб пред да ја прифати функцијата на Ернесто Валверде.

На крајот, Чави не успеа да постигне договор со спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, па каталонскиот клуб одлучи да го постави Кике Сетиен на клупата и да не се откаже од барањата на Чави.

Поранешниот легендарен шпански репрезентативец упати осум барања до Барселона за да се врати на „Камп Ноу“ за време на јануарската средба со Ерик Абидал во Доха, Катар, каде што Барселона беше дел од шпанскиот Супер куп, пренесува „Кадена СЕР“.

Меѓу тие критериуми, Чави им порача на челниците на каталонскиот клуб дека е подготвен да го преземе клубот како тренер само во јуни, а не во јануари; тој сакаше максимална контрола врз спортската област, вклучително и развој на академиијата, а посака да го има и Карлес Пујолин во неговиот стручен штаб.

Тој, исто така, се обиде да го ангажира својот брат, Оскар.

Барселона ги одби овие барања и затоа одлучи да му понуди договор на Сетиен.