ФУДБАЛ

Откриено е како Дортмунд ги победи Јуве и Јунајтед за трансферот на Халанд

Дортмунд ги изненади многумина пред неколку дена кога објави дека го купил Ерлинг Халанд од Ред Бул Салцбург, но сега излегува дека начинот на кој германскиот гигант си го обезбедил купувањето е уште поизненадувачки.

Дортмунд ги победи големите клубови како Јувентус и Манчестер Јунајтед во трката за норвешкиот талент, убедувајќи го на потпис.

Според Маркус Пилава, директор на одделот за набудување на таленти во Дортмунд, неговиот тим ја искористил мобилната комуникациска мрежа „Whatsup“ за да го убеди 19-годишникот да се приклучи на клубот во Бундеслигата.

Дормунд ги замолил своите играчи да му испратат порака на Халанд, секој посебно, за да го убедат во добрите работи што ќе ги најде во Дортмунд.

На ист начин, Дортмунд побарал и од компанијата за облека, Пума, помош при купувањето.

Главниот извршен директор на Пума, кој исто така е Норвежанец, му понудил на Халанд да го напушти Најк за Пума.

ПОВРЗАНО

Бундеслига