Жоан Лапорта си ја исполни големата желба, Жоао Феликс конечно е во Барселона.
Кога Лапорта повторно го презеде клубот во март 2021 година, доаѓањето на Феликс звучеше како научна фантастика.
Рекордот на Атлетико од 127 милиони евра беше недостижен дури и за многу постабилни клубови, но на крајот стигна до Барселона.
Сепак, пред позајмицата во Барса мораше да го направи најважното – да потпише нов договор со Атлетико!
Имено, Атлетико бараше Барса да му ја покрие целата плата, а Каталонците не беа во можност да го сторат тоа.
Поради тоа, Жорге Мендеш му предложи на Феликс да потпише нов договор со Атлетико со значително помали примања, што е добра вест за Мадрид. Португалецот имаше бруто плата од 14 милиони евра, се согласи да ги удвои приходите за да може Барса да го доведе.
Феликс потпиша до јуни 2029 година, но на сите им е јасно дека нема враќање во Мадрид додека е таму Диего Симеоне.
