Жоан Лапорта на натпреварот помеѓу Барселона и Ваљадолид се појави со модринка под десното око.
Лапорта на стадионот Ноу Камп пристигна со очила за сонце за да ја прикрие модрината, но не успеа во намерата.
Имено, кога Роналдо да Лима се појави во воп ложата. Лапорта мораше да ги извади очилата кога се ракуваше поради учтивост.
Тогаш сите во негова близина забележале забележлива модринка под десното око, која не ја пропуштиле ниту фотографите.
Навивачите на Барселона се загрижија и почнаа да прашуваат што се случило со Лапорта, поради што се огласи и самиот клуб.
Now we understand how Laporta got Kounde registered, my man went man-to-man with tebas🤜🤛😭 pic.twitter.com/RVG3c5DnTk
— Sunnyfreey (@Adepojuferanmi2) August 28, 2022
Како што беше најавено, Лапорта доживеа несреќа на домашен терен кога се здоби со повреда без посериозни последици, па уредно присуствуваше на натпреварот.
Инаку, Барселона без поголеми проблеми се справи со повратникот во Ла Лига и победи убедливо со резултат 4:0.
Од се што е прикажано Лапорта може да биде задоволен од гледаното и од играчкиот кадар што ќе се натпреварува оваа сезона.
Сепак, Лапорта ќе има полни раце работа на крајот од преодниот рок бидејќи е неопходно да се ослободи од некои играчи како Обамејанг, Дест, Депај и Брејтвејт.
Успешниот бизнисмен одлично се снајде во текот на летото бидејќи со некои паметни потези успеа да ги добие потребните пари за да доведе квалитетни играчи и навивачите се презадоволни од неговиот досегашен мандат.