ФУДБАЛ

Откриено зошто на Мбапе му се падна мрак на очите

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе наиде на низа свои проблеми кои го натераа да падне во немилост кај навивачите.

Откако со Франција го освои Светското првенство во Русија 2018 година и стана најголемата надеж на светскиот фудбал, сепак, четири години подоцна се најде зад „ветеранот“ Карим Бензема, кој во понеделникот беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, добивајќи Златна топка, по одлична година.

Во меѓувреме, Мбапе беше вмешан во контроверзии поради честото менување на мислењето, одбивањето на Реал Мадрид во последен момент, откако имаше договор со кралевите или неговите контрадикторни пораки во врска со ПСЖ, каде што не беше задоволен од некои одлуки, а потоа рече дека тој сака да остане во тимот.

Тој имаше проблеми и со француската репрезентација бидејќи беше во полемика со спонзорите, предизвикувајќи критики во својата земја.

Во овој контекст, францускиот напаѓач имаше тешка ноќ во Париз за време на церемонијата на доделување на Златната топка и беше исвиркан по неговото пристигнување.

Наместо поддршка, 23-годишниот напаѓач по пристигнувањето беше пречекан со гласни свирежи, што можеше да се слушне и во директниот пренос. Играчот не потклекна и го продолжи патот внатре.

Веднаш се шпекулираше дека на популарниот Тортуга му замериле навивачите на ПСЖ, откако напаѓачот се пожалил дека управата не ги исполнила ветувањата за продолжување на договорот.

За време на церемонијата, Мбапе заврши на шестото место во изборот за најдобар играч на светот, кој му беше доделен на фаворитот Бензема, а очигледно му пречеше испаѓањето од листата на пет финалисти, па кога беше откриено дека тој беше шести, изгледаше вознемирено и изнервирано.

Французинот се надеваше дека денеска ќе биде меѓу најдобрите 5 играчи, но тоа не се случи, што очигледно воопшто не му се допадна на фудбалерот на ПСЖ.