Поранешниот светски првак со Германија, Андре Шурле, повторно е слободен агент од денес.
Иако неговиот договор со Дортмунд важеше до летото 2021 година, во договор со клубот, беше решено да се постигне спогодбено раскинување, а тие информации денес ги потврди Милионерот.
Според италијанските медиуми, новиот италијански прволигаш Беневенто, кој од претходно го интересирал Германецот, ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација.
29-годишниот играч се бори со својата вистинска форма веќе неколку години, па последните години ги помина на позајмица во Фулам и Спартак Москва.
Јасно е дека тој повеќе не е во форма како што некогаш играше за Баер Леверкузен и Челзи, но бидејќи сега може да биде доведен без да плати обештетување, тој би можел да биде од полза за Беневенто.