Тренерот на Мастерстер Сити, Пеп Гвардиола, неодамна се поврзува со евентуално враќање во Баерн Минхен по заминувањето на Нико Ковач.
Минатата недела агентот на Гвардиола, Џозеп Марија Оробиг, ја остави вратата отворена за евентуално враќање во Минхен за Шпанецот велејќи дека ништо не е сигурно во фудбалот.
Сега, за „Билд“, Оробит ги негираше сите гласини кои го поврзуваат Гвардиола со евентуалното враќање во Баерн, каде беше тренер од 2013 до 2016 година.
„Пеп е многу среќен во Манчестер. Неговиот договор трае до јуни 2021 година. Не сум разговарал со никој во Германија за него. Пеп има среќни спомени во Баерн и сè уште има пријатели таму. Но, тој никогаш не покажал интерес за да се врати во Германија како тренер“, изјави агентот на Гвардиола и додаде:
„Гвардиола секогаш ги исполнува своите договори. Ги отфрлам сите гласини“, заклучи тој.