ФУДБАЛ

„Ова е крајот на Челзи како што го знаеме“

Лондонски Челзи се соочува со големи тешкотии поради санкциите на британските власти кон Роман Абрамович.

Имотот на рускиот тајкун во Велика Британија е замрзнат. Тоа го вклучува и Челзи, кој не може да продава билети, а официјалните клупски продавници се затворени, а трошоците за гостувања се ограничени на 20.000 фунти.

Санкциите многу ги загрижија навивачите на лондонскиот клуб, кои сметаат дека на нивниот тим му дојде крајот. Тие изразија загриженост на социјалните мрежи.

„Тоа е тоа. Ова е крајот на Челзи каков што го знаеме. Беше убаво додека траеше“, напиша еден од навивачите на лондонскиот клуб.

Извесно е дека навивачите на тимот од Стемфорд Бриџ едвај чекаат клубот да добие нов сопственик, но тоа би можело да потрае доста долго.

„Челзи е осуден на смрт. Секоја чест за сите што го советуваа Роман да не го продава клубот минатата недела“, напиша разочараниот навивач.