По два месеци подеми и падови, промени на „правецот“ и свиоците, „кочење“ и речиси излетување од кривината – Челзи има нов сопственик.
Најавена продажба, избор на нов сопственик организиран од Реина банка, доцнење поради чекање одобрение од Владата и Премиер лигата, клип подметнат од португалската влада, чекајќи Роман Абрамович да даде законски валидни гаранции дека парите од продажбата на клубот ќе биде донирана во хуманитарни цели…
Сето тоа го поминавме во изминативе два месеци додека постоењето на клубот висеше на конец, на лиценцата што му ја издадоа властите за да може да ги плати сметките и да ги игра натпреварите.
Club statement.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 28, 2022
Сега се е готово:
„Фудбалскиот клуб може да потврди дека е постигнат конечен и дефинитивен договор за продажба на клубот на Тод Боили (Капитал Кирклеке). Очекуваме трансакцијата да биде завршена во понеделник. Клубот потоа ќе објави дополнителни информации“, велат од Стемфорд Бриџ.