Италијанските медиуми веќе го одредија тимот со кој Антонио Конте ќе игра во продолжението од сезоната. Како засилувања веќе пристигнаа Ешли Јанг и Моузес, а треба да пристигне и Ериксен, кој во Милано се очекува во недела навечер или понеделник, бидејќи се е договорено со Тотенхем.
Поради тоа, италијанските медиуми го одредија составот во формација 3-5-2. Како што тие пишуваат, на голот ќе биде неприкосновениот Хандановиќ, последната „тројка“ би ја сочинувале Шкриниар, Де Фрај и Бастони, бидејќи Годин слабо се снаоѓа со тројца класични дефанзивци. По бочните позиции би играче Ешли Јанг и Моузес, во средниот ред Барела и Брозовиќ, а пред нив би бил Ериксен. Во нападот секако би биле Лукаку и Мартинез.
За ротација Конте на располагање ќе ги има Дамброзио, Гаљардини, Сенси, Ранокија, Асамоа, Кандрева. Политано и Весино најверојатно ќе бидат продадени. Во нападот тука е Алексис Санчез, а се чека уште едно засилување, но не е познато дали ќе биде Љоренте или Жиру.
Дали овој состав има сила да му се спротивстави на Јувентус во битката за титулата. Во моментов предноста е четири бода на сметка на „Старата дама“.