ФУДБАЛ

Ова може да се види само во Турција: Претседателот Трабзонспор истрча на теренот и предизвика тепачка (ВИДЕО)

Фудбалот во Турција, како и во повеќето европски лиги, се игра без публика.

Турците какви што се, им е тешко да издржат „мирни“ натпревари без луда атмосфера на трибините, но тоа не значи дека сè ќе биде добро и дека нема да бидиме сведоци на некои непријатни настани.

Така, на натпреварот помеѓу Трабзонспор и Аланајспор (2:2), претседателот на Трабзон, Ахмет Агаоглу, истрча на теренот за физички да се соочи со некои од службените лица.

Имаше голема гужва, беа разменети удари, а многумина во Турција мислат дека Агаоглу треба да си даде оставка од функцијата претседател на Трабзонспор затоа што „таквите луѓе не заслужуваат да бидат во спортот“.