Второто полуфинале од Лигата на шампионите ќе се игра вечерва во Лисабон, а ќе се натпреваруваат Баерн и Лион.
Синоќа ПСЖ успеа да стигне до финалето во Лигата на шампионите полесно од очекуваното, а вечерва ќе го дознаат противникот бидејќи Баерн и Лион ќе се сретнат во второто полуфинале.
Преостанува уште еден час до мечот во Лисабон, а Баварците на Твитер објавија дека се враќаат во традиционалните црвени дресови во кои ќе играат вечерва.
Но, многумина забележаа дека Баерн уште еднаш реши да ги испровоцира навивачите на Барселона. Имено, шорцевите со бројот осум се во рамката како знак на четвртфиналниот натпревар во кој Баерн ја совлада Барса со 8:2.
Бројот на голманите не е видлив, а многумина веруваат дека Баварците намерно ги зеле шорцевите со бројот осум, и тоа јасно го истакнаа.
Back in red tonight! 🔴
Show us what you're wearing to support FC Bayern today! 👇#MissionLis6on #OLFCB pic.twitter.com/Ndwwh0uDQi
— 🇺🇸 FC Bayern US 🇨🇦 (@FCBayernUS) August 19, 2020