ФУДБАЛ

Ова не му беше дозволено ниту на Роналдо: Последната одлука најдобро покажува што е Бензема за Перез

Карим Бензема моментално за многумина е најдобриот фудбалер на светот и првиот кандидат за освојување на Златната топка.

 

Одамна е познато дека најдобрите играчи во секој клуб имаат одреден вид на привилегиран статус, а тоа очигледно е случај и со Карим Бензема.

Кога Кристијано Роналдо играше за Реал и доминираше на светската сцена, ќе пристигнеше на собирите кога другите најголеми ѕвезди и ќе немаше право на продолжен одмор.

 

Но, Флорентино Перез се чини дека има нов миленик во соблекувалната бидејќи му дозволи на Бензема повеќе слободно време од останатите играчи.

 

Така, на пример, Куртоа, Модриќ и Винисиус, кои имаат огромни заслуги за освојување на Лигата на шампионите, се појавија во тренинг кампот кога тоа беше договорено, но тоа не беше случај со Французинот.

 

По бруталната сезона и 44 постигнати голови, Перез излезе да се сретне со Бензема и му дозволи дополнителни слободни денови, а Карло Анчелоти се согласи.

 

Така, Бензема ќе се приклучи на тимот директно во САД на 19 јули и очигледно нема да игра на Ел Класико во Лас Вегас бидејќи ќе одработи само три тренинзи со соиграчите.