ПСЖ успеа да слави против Реал Мадрид во првиот осминафинален меч одигран во Париз со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Килијан Мбапе во судиското продолжение. Претходно Меси не успеа да реализира пенал, односно голмано Куртоа во 62-та минута одбрани.
Но, една ситуација ги налути навивачите на ПСЖ. Имено, по голот на Килијан Мбапе сите играчи отрчаа кај соиграчот да го прослават голот, а единствено Меси ништо не направи, односно немаше никаква реакција или прослава од негова страна.
Messi? ? pic.twitter.com/RIIlPQWQ2E
— Maria Garrido 1997 ⚽️? (@mariagarridos) February 16, 2022