ФУДБАЛ

Ова се 20-те номинирани за наградата „Златно момче 2019“

Објавен е краток список со 20 играчи за наградата „Златно момче 2019“, меѓу кои се и Жоао Феликс, Матијас де Лихт, Ансу Фати и Николп Заниоло.

Наградата се доделува на играчи под 21 година а оној кој ќе ја освои најверојатно ќе остави белези во наредните сезони.

Последен пат оваа награда ја освои дефанзивецот на Ајакс, Де Лихт минатата година, пред да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите и потоа да го финализира трансферот во Јувентус.

Голем фаворит овој пат е напаѓачот на Атлетико Мадрид и Португалија, Жоао Феликс, а победникот ќе биде објавен во Торино на 16 декември.

Топ 20 фудбалери:

Матајс де Лихт (Јувентус, Холандија)
Жоао Феликс (Атлетико Мадрид, Португалија)
Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен, Канада)
Џанлуиџи Донарума (Милан, Италија)
Ансумане Фати (Барселона, Шпанија)
Филип Фоден (Манчестер сити, Англија)
Матео Гендузи (Арсенал, Франција)
Ерлинг Браут Халанд (Ред бул Салцбург, Норвешка)
Кај Хаверц (Баер Леверкузен, Германија)
Дејан Јовељиќ (Ајнтрахт Франкфурт, Србија)
Мојзе Кен (Евертон, Итлаија)
Канг-ин Ли (Валенсија, Јужна Кореја)
Андриј Олексијович (Валјадолид, Украина)
Данјел Мален (ПСВ Ајндховен, Холандија)
Мејсон Маунт (Челзи, Англија)
Родриго Гоес (Реал Мадрид, Бразил)
Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд, Англија)
Феран Торес (Валенсија, Шпанија)
Винисиус јуниор (Реал Мадрид, Бразил)
Николо Ѕаниоло (Рома, Италија).