Медиумите во Каталонија објавија детали договорот на Лионел Меси со Барселона. Според овие документи, Аргентинецот за четири години заработил половина милијарда евра, односно 555 милиони евра. Тоа е за плати, бонуси, но и еден посебен бонус кој изнесува речиси 80 милиони евра, кој менаџерите на Меси го „избоксувале“, а се нарекува „бонус за лојалност“.
Сепак, по објавувањето на овие информации владее хаос во Каталонија. Лионел Меси и неговите претставници се бесни, Барселона се брани дека не ги соопштила деталите. Тимот на Аргентинецот најавува тужби, а како што пишуваат каталонските медиуми, само пет луѓе знаеле за деталите од тој договор, тие се Жозеп Бартомеу (екс претседател) Оскар Грау, Карлес Тускетс и уште две лица чии имиња не се објавени.
Сега се бара „кртот“, а ова може да предизвика револт кај Меси кој наместо да ја продолжи соработката да се одлучи да замине како слободен играч, нешто што го посакуваше пред почетокот на оваа сезона.