Интер бележи добри резултати во новата сезона. Пет кола, пет победи со 14:1 гол разлика. Попладнево на гостински терен славеа против Емполи со 0:1. Единствениот гол беше дело на дефанзивецот Димарко во 51-ва минута и тоа прекрасно погоди со волеј.
Интер со оваа победа собра 15 бодови од пет одиграни кола.
