Екипата на Барселона прави чуда на трансфер пазарот.
Каталонскиот клуб е длабоко во долгови, но сепак ги комплетира феноменалните трансфери и тимот е многу засилен летово со доаѓањето на Роберто Левандовски, Рафиња, Франк Кесие, Андрес Кристенсен и Жил Кунде.
Голема е веројатноста до крајот на овој преоден рок на „Камп Ноу“ да пристигне уште едно ново лице, но за следното лето Барселона подготвува вистинска бомба. Ќе се обидат да го вратат Лионел Меси.
Чави Ернандез би сакал да го види Лео повторно во дресот на Барселона. Претседателот Жоан Лапорта е подготвен да ја исполни својата желба.
Ќе направиме се што можеме за да го натераме Меси повторно да го облече дресот на Барселона. Нема да биде лесно, но со правилна стратегија можеме да го направиме тоа“, изјави Лапорта во интервју за CBS.
Тој објасни дека бил принуден да го пушти Меси да си замине во летото 2021 година.
“Го направив тоа што морав. Го ставив клубот пред сите други. Го познавам Меси од мал, го сакам и чувствувам морална обврска кон него. Желбата е да го вратам назад. Имаме план , го сакаме таму. Клубот го сака Лео, навивачите го сакаат Лео и ќе направам се за тој повторно да го облече дресот на Барселона“, изјави Лапорта.
Сепак, Лапорта не е во најдобар однос со Лапорта. Тој смета дека тој е причината поради која морал да го напушти својот сакан клуб и го означи како главен виновник.
Пред претседателот на каталонскиот клуб е голем предизвик и сигурно враќањето на Меси би било вистинска трансфер бомба.
Меси речиси целиот свој живот го помина во Барселона. Со овој клуб освои се што можеше, ги собори сите рекорди со 778 одиграни натпревари и 672 постигнати голови.