ФУДБАЛ

Оваа сезона на „Сан Сиро“ не се навикнати да примаат вакви голови (ВИДЕО)

Голот на Хернани од 13. минута му донесе водство од 0:1 на Парма на Сан Сиро против Милан.

Парма одигра одлична акција. Жервињо одлично се снајде по левата страна, му ја сервираше топката на Хернани, кој постигна одличен погодок за 0:1.