Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд (21) веројатно ќе биде најголемата ѕвезда на летниот преоден рок.
Интересот за играчот на Борусија Дортмунд е огромен и се очекува за неколку месеци тој да го промени клубот.
Меѓу фаворитите за неговиот потпис се Барселона и Реал Мадрид, а одличниот напаѓач никогаш не криел дека би сакал кариерата да ја продолжи во Шпанија.
Тој веќе интензивно го веѓба шпанскиот јазик. Почна да го користи и на теренот, за што сведочи и сцената од натпреварот меѓу Ајнтрахт и Борусија во Франкфурт.
По еден остар старт на Рафаел Боре, Халанд влезе во конфликт со овој фудбалер, а потоа го праша на шпански.
„Што е работата, брат?“ му викна Халанд на Боре.
Оваа сцена предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, а многумина се убедени дека Норвежанецот полека се подготвува да замине во Шпанија.
Сигурно ќе биде интересно да се види каде ќе заврши Халанд, а покрај шпанските великани се поврзува и со Манчестер Сити.
Да потсетиме, неговиот комплетен трансфер би можел да чини повеќе од 300 милиони евра.